Македонскиот репрезентативен голман, Борко Ристовски, кој беше еден од подобрите ракометари на ЕП во Хрватска, преку пост на Фејсбук мораше да објаснува дека не се повлекува од репрезентацијата.
35-годишниот Ристовски, кој настапува во шпанскиот гигант Барселона, „позајми“ еден статус од РФМ и имаше инспиративен пост во кој се заблагодари на сите за настапот во Хрватска.
„Благодарност до федерацијата, докторскиот тим, целата логистика која беше околу нас, нашите навивачи, кои беа наша огромна поддршка и цела Македонија. Беше чест да се биде Македонец и да се бори за својата земја и народ со сите вас. Да живее Македонија“, напиша Ристовски.
Еден час подоцна, тој мораше да ги демантира тие кои го оценија ова како негово повлекување од националниот дрес.