Борко Ристовски на голот имаше фантастични 16 одбрани, а во нападот Оливие Њокас, Тимур Дибиров и Жереми Тото беа супер-расположени за втора победа на Вардар во ЕХФ Лигата на шампионите, со импресивни 30:28 (16:16) над данскиот Алборг.
Гостите имаа +3 предност во првото полувреме, но Вардар успеа да отиде на пауза со 16:16, пред во второто полувреме целосно да го надиграат минатогодишниот финалист од ЛШ, и да имаат четири гола предност, пред конечните 30:28.
Њокас заврши со седум голови, Дибиров заврши со шест, а Тото со пет гола, додека на голот беше фантастичниот Ристовски со 16 одбрани, за победа која ги носи Вардар на првото место на табелата во групата А со две победи и едно реми во три меча.
Актуелниот европски шампион, Барселона, пак, во драматичен меч загуби со 29:28 на гостувањето кај Веспрем, додека Кјелце со 25:24 триумфираше кај Мотор во мечеви во групата Б.
Фото: РК Вардар 1961
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 3.КОЛО
ГРУПА А
Вардар 1961 – Алборг 30:28 (16:16)
ППД Загреб – Елверум 20.45 ч.
ГРУПА Б
Мотор Запорожје – Кјелце 25:26 (13:14)
Веспрем – Барселона 29:28 (16:12)
Флензбург – Пари Сен-Жермен 20.45 ч.