Top Sport

РК Алкалоид ги стартуваше подготовките за новата сезона

Ракометниот вицепрвак Алкалоид означи почеток на подготовките за сезоната 2023/24. Во претстојната сезона тимот на Кире Лазаров покрај во домашното првенство, ќе се натпреварува и во Европската ЕХФ лига.


Првиот дел од подготовките ќе се реализираат во Скопје, а потоа екипата ќе оди на базични подготовки во Маврово.

Во вториот дел, од 16 до 20 август, РК Алкалоид ќе настапува на турнирот „Струга 2023“, а потоа ќе патува на финални подготовки во Хрватска, каде што ќе игра натпревари со екипите на Нексе, ППД Загреб, Сесвете и со словенечката екипа Добова.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');