Top Sport

РК Алкалоид подобар од Бутел во „Автокоманда“

Ракометарите на Алкалоид уште еднаш го совладаа РК Бутел, овојпат во пренствена битка. Избраниците на Кире Лазаров славеа со 22:19 во нов драматичен меч против градскиот ривал.

Алкалоид го доби првиот дел со 12:8 и со четири позитива влезе во решавачкиот дел од мечот. Но, Бутел не се предаде така лесно.

Мартин Серафимов со шест и Марко Митев со пет гола беа најефикасни во таборот на Алкалоид. Многу важна улога, со 12 интервенции, одигра и голманот Благојче Трајковски.

Scroll to Top