Рускиот репрезентативец Дмитри Киселев од Санкт Петербург ќе пристигне во редовите на македонскиот шампион Вардар. Трансферот на 23-годишниот десен бек го потврди ракометниот шампион на својата интернет страница. Киселев, со Вардар, договорил соработка до јуни 2020 година.
Киселев е треото засилување за Вардар во пресрет на новата сезона. Претходно договори со црвено-црните потпишаа Словенецот Сташ Скубе и Русинот Сегеј Горбок. Исто така, Вардар, ги продолжи договорите со четворица ракометари: Стоилов, Шишкарев, Поповски и Ѓорѓески.
На новите соиграчи Киселев ќе им се приклучи на 24.јули, кога екипата ќе ги започне подготвките за новата сезона.