Top Sport

Романците без двајца клучни ракометари доаѓаат во Скопје

Романија е првата пречка на Македонија на патот кон Светското првенство 2023 година, а во Скопје оваа селекција утре ќе допатува без двајца клучни ракометари.

По Демис Григорас, десниот бек на Бенфика, поради повреда, селекторот Чави Пасквал на располагање нема да го има и левиот бек, Александру Шимику, кој пропушти нов натпревар за Сант Рафаел. Од претходно се знаеше дека бековите Хавиер Хумет и Андреј Бузле исто така отпаднаа поради повреди.

Ракометната репрезентација на Романија во Скопје доаѓа утре, а првиот натпревар од двомечот со Македонија е закажан за в четврток (19 часот), во СЦ „Борис Трајковски“.

Реваншот е за два дена во Букурешт, а подобриот од двомечот ќе игра против Чешка во последниот филтер за пласман на СП.

Scroll to Top