Ракометната репрезентација на Македонија го направи првиот чекор кон пласманот на Светското првенство. Избраниците на Раул Гонзалес, во неделата, ја совладаа Романија со 32:24 (15:10).
Овој романски состав е далеку од славните времиња на ракометот во оваа земја. Репрезентацијата што од клупата ја предводи Шпанецот Чави Пасквал, имаше водство на почетокот 0:2 и блесна во последната третина од првиот дел, во останатиот дел од мечот доминираа македонските ракометари.
По почетното водство на Романците, Македонија го искористи моментумот на голманот Ристовски и успеа да ја создаде првата посериозна предност (8:2). Ритовски во првите 15 минути имаше шест интервенции.
Во самата завршница од првиот дел Македонија стигна до 15:8, потоа Романците со два гола ја намалија негативата на пет гола.
Добриот почеток на вториот дел и ја донесоа на Македонија првата двоцифрена предност во 43.минута (24:14).
До крајот од таа негатива Романците успеаја да надоместат два гола, а Македонја обезбеди комотна предност пред реваншот за три дена.
Голамнот Ристовски мечот го заврши со 14 интервенции, а стрелците ги предводеа капитенот Лазаров со осум и Манасков со шест гол.
Возвратниот натпревар ќе се одигра в среда, во Клуж, со почеток во 17:30 часот.
фото: macedoniahandball.com.mk