Русија е првиот финалист на Европското првенство во ракомет во Франција, откако со фантастично второ полувреме ја победија ослабената Романија со 28:22 и сега го чекаат противникот во финалето од вечерниот дуел меѓу Холандија и домаќинот Франција.
Романките беа без најдобриот стрелец во историјата на Европските шампионати, Кристина Неагу, која ја очекува подолга пауза откако се повреди во натпреварите по групи, и успеаја да бидат еднаков противник во првото полувреме, кое Русија го доби само со еден гол разлика (16:15).
Меѓутоа, на почетокот на второто полувреме, Русинките направија серија од 6:2, по која ја преземаа контролата на мечот и се пласираа во финалето, каде што ќе ја бркаат својата прва европска титула.
Ана Вјахирева повторно беше „моторот“ на „зборнаја“, со неверојатни 13 голови од 17 обиди, а Ана Сен додаде четири гола. За Романија, Ана-Марија Драгут беше најефикасна со само четири гола.
ЕП ФРАНЦИЈА 2018, ПОЛУФИНАЛЕ
Русија – Романија 28:22 (16:15)
Холандија – Франција 21.00 ч.
1-2-3 ? Russia on ? as they start the 2nd half with 3 straight goals to get further ahead of Romania.@rushandball #ehfeuro2018 #RUSROU #handballissime pic.twitter.com/yJ3IR6VMtC
— EHF EURO (@EHFEURO) December 14, 2018
1-2-3 ? Russia on ? as they start the 2nd half with 3 straight goals to get further ahead of Romania.@rushandball #ehfeuro2018 #RUSROU #handballissime pic.twitter.com/yJ3IR6VMtC
— EHF EURO (@EHFEURO) December 14, 2018
Wow! ? Anna Sen sets the record for the top-speed shot so far at 1⃣0⃣6⃣ km/h ?@rushandball #ehfeuro2018 #RUSROU #handballissime pic.twitter.com/ydpYvRWPIP
— EHF EURO (@EHFEURO) December 14, 2018