Top Sport

Рутина за Шпанците, сега борба со Хрватска за првото место (видео)

Шпанската ракометна репрезентација го потврди својот пласман во полуфиналето на Европското првенство, откако рутински со 37:28 ја совлада репрезентацијата на Белорусија, за да осигура место од групата 1 покрај Хрватска, со која ќе имаат директен дуел за првото место и за „бирање“ на противникот.

На Шпанците им требаше само да не загубат со повеќе од шест голови од Белорусите, во што беше тешко да се верува, но барем во првото полувреме имаше рамноправен ракомет и „фуријата“ имаше само гол предност (17:16). Меѓутоа, во средината на второто полувреме работите дојдоа на своето место и со импресивна серија, Шпанците направија предност од осум гола (32:24), за на крај рутински да го доведат до крај.

Феран Соле и Анхел Фернандез постигнаа по седум гола за Шпанците, за кои блескаше и Гонзало де Варгас на голот, додека кај Белорусија најефикасен беше Микита Ваилупау со осум гола.

Со ова дефинитивно се става крај на математичките шанси Германија да обезбеди полуфинале, и сега им следува вечерниот „ревијален“ меч против соседите Австрија. Шпанија, пак, се подготвува за пресметката со Хрватите во среда.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ

ГРУПА 1

Хрватска – Чешка 22:21 (11:9)

Белорусија – Шпанија 28:37 (16:17)

Австрија – Германија 20.15 ч.

Табела: 1.Шпанија 8, 2.Хрватска 8, 3.Германија 2, 4.Австрија 2, 5.Белорусија 2, 6.Чешка 0

Scroll to Top