Top Sport

Сара Ристовска потпиша нов договор со ЦСКА Москва

Најдобрата македонска ракометарка Сара Ристовска стави потпис на нов договор со рускиот клуб ЦСКА Москва. Таа ќе ја продолжи својата авантура во Русија и во период кога голем дел од спортистите заминуваат поради добро познатите санкции кои се воведени за клубовите од оваа земја. Сепак, Сара Ристовска вели дека се чувствува одлично во ЦСКА Москва.

„ЦСКА е големо семејство, пресреќна сум што потпишав нов договор и што ќе продолжам да играм за оваа екипа. Пресреќна сум овде, го научив јазикот, запознав многу добри луѓе, верувам дека ќе продолжиме сите заедно да се бориме за да оствариме добри резултати. Сакам да им се заблагодарам и на навивачите за поддршкаташто ни ја даваат од самиот почеток“, изјави Сара Ристовска.

Таа се пресели во ЦСКА Москва во 2019 година, кога пристигна од редовите на словенечкиот Крим.

Scroll to Top