Top Sport

Савевски го објави списокот на ракометарки за двомечот со Норвешка

Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски, го објави списокот на ракометарки на кои ќе смета за претстојниот двомеч против Норвешка во рамките на ЕХФ Евро-купот 2022.

Савевски повика 19 ракометарки и нема никакви промени, тоа се истите имиња кои ги играа и пријателските натпревари против Црна Гора и против Словенија.

Собирот на ракометарките е на 18 април во хотелот „Александар Палас“, а мечевите се закажани за 21 април во Скопје, односно 24 април во Бекестуа.

Scroll to Top