Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски, објави список од 18 ракометарки за настап на претстојната ЕХФ недела.
Прозивката е закажана за 27 февруари, а во стручниот штаб се приклучува како асистентка и Едуарда Аморим.
Македонските ракометарки ќе одиграат два пријателски натпревари против Турција во Анкара на 2. март и на и 4. март.