Top Sport

СЕХА лигата пред распад?

Регионалната ракометна СЕХА-лига би можела да доживее распад поради воената состојба во Украина, пишува хрватскиот весник „Јутарњи Лист“.

Главен спонзор на лигата е рускиот „Газпром“, а меѓу тимовите се наоѓа и украинскиот клуб Мотор од Запорожје. Јасно е дека ракометарите на овој клуб не би можеле да играат натпревари во таква ситуација.

Уште поголем проблем е и финансиската состојба во ситуација кога не се знае какви се плановите и на „Газпром“. Претседателот Михајло Михајловски и директорот на СЕХА лигата, Синиша Остојиќ, за „Јутарњи“ не можеле да дадат одговор дали и кога би продолжило натпреварувањето.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');