Металург беше на чекор до својата прва победа во СЕХА лигата оваа сезона, откако во четвртото коло го пречека Извиѓач од Босна и Херцеговина, но во финишот на натпреварот дозволи да брка резултат и на крајот ги подели поените 27:27 (14:11).
Со проблемите со повредените ракометари на тренерот Данило Брестовац, мечот против Извиѓач дојде во незгодно време по враќањето од Португалија од мечот од ЛШ, но Металург почна добро и имаше предност од три гола на полувремето. Сепак, во второто полувреме, гостите играа подобро и го преземаа водството, пред во последните десет минути да се влезе израмнето. На минута пред крај со голот на Мице Шилегов, Металург водеше со 27:26, но Марко Вукиќ израмни во последната минута. Обидот на Халил Јагањац за победа на крајот не беше успешен.
Шилегов и Мартин Серафимов имаа по шест гола за Металург, додека кај гостите најефикасен беше Ведран Делиќ со шест гола.
Со оваа поделба на поените, Металург и Извиѓач го оставија нишки Железничар на Веселин Вујовиќ на дното на табелата во регионалната лига, откако Нексе од Нашице со 34:25 (20:13) му го нанесе четвртиот пораз. Нексе сега има совршен скор во лигата од четири победи, исто како и актуелниот шампион Вардар.