Top Sport

СЕХА: Металург пак „падна“ во второто полувреме, Загреб со убедлива победа (видео)

Лузерската серија на Металург во СЕХА лигата продолжува, откако македонскиот вице-шампион, како неколку пати оваа сезона, имаше сили за само едно силно полувреме при 26:22 (11:10) поразот од ППД Загреб.

Тимот на Лино Червар се созеде по тешкиот пораз од Пари Сен-Жермен во текот на викендот, и во второто полувреме ја обезбеди клучната предност против Металург, каде што хрватскиот тренер долго време беше број 1.

Серафимов и Миличевиќ беа најефикасни кај Металург со по четири гола, додека за домаќините Давид Мандиќ беше најдобар стрелец со шест гола.

Металург во пет кола досега во СЕХА Газпром лигата има само едно реми и четири порази и се наоѓа на делба на последното место со тимот на Извиѓач, кој денеска загуби со 30:21 (17:5) од Железничар во Ниш.

Фото: СЕХА лига

СЕХА ЛИГА, 5.КОЛО

Железничар – Извиѓач 30:21 (17:5)

ППД Загреб – Металург 26:22 (11:10)

Scroll to Top