Македонскиот вице-шампион Металург го претрпе третиот пораз на стартот на СЕХА-лигата, откако во Скопје, Нексе од Нашице беше во водство во текот на целиот меч и на крајот победи со 32:27 (16:12).

Металург „држеше темпо“ до 15. минута од мечот, по што гостите дојдоа до водство кое го задржаа до крајот на мечот. Македонскиот клуб беше на гол-два разлика во текот на поголемиот дел од мечот, за на десет минути пред крајот на мечот да дојдат на гол разлика 25:26, по што финишот на мечот целосно му припадна на тимот од Хрватска, кој сега заедно со Вардар е единствениот кој има три победи во првите три кола од регионалната лига. Металург пак, заедно со босанскохерцеговскиот Извиѓач е единствениот тим кој има три порази.

Халил Јагањац повторно беше најдобар ракометар на Металург со седум постигнати голови, колку што имаше и Мартин Серафимов, додека по пет уфрлија Димитриоски и Токиќ, а на голот Томовски имаше скромни седум одбрани. Кај гостите, осум гола постигна Словенецот Саша Баришиќ-Јаман.

Фото: СЕХА