Top Sport

СЕХА: Загреб подобар од Металопластика во дуел на поранешните европски шампиони

Хрватскиот шампион ППД Загреб со 28:25 (13:13) победи на гости кај уште еден поранешен европски шампион, Металопластика од Шабац во првото коло од регионалната СЕХА лига.

Славните денови за српскиот клуб Металопластика, секако завршија одамна, и Загреб имаше фантастичен старт, поведувајќи со 0:4, пред домашниот тим да ја врати рамнотежата и на полувреме да отиде со 13:13. Сепак, во продолжението, „плинарите“ ја направија клучната разлика за со победа да го стартуваат настапот во СЕХА лигата.

Златко Хорват и Давид Мандиќ постигнаа по шест голови за ППД Загреб, додека Виктор Матичиќ со 5 гола беше најефикасен за Металопластика.

Фото: СЕХА

Scroll to Top