Top Sport

Селекторот одбра 18 ракометари за дуелите со Грција

Foto/ macedoniahandball.com.mk

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го скрати спискот на играчи за пријателските натпревар со Грција. Лазаров, за двата натпревари во Солун смета на 18 ракометари.

Во рамките на неделата на ЕХФ, Македонија утре и задутре ќе одигра контролни натпревар со Грција во Солун.

Од поширокиот список отпаднаа четворица Марко Митев, Едвин Омерагиќ, Емилијан Ѓорговски и Марко Стојковиќ.

Репрезентацијата во 14 часот ќе отпатува за Солун. На спискот на лазсаров се следниве ракометари:

Голмани: Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ

Бекови: Филип Талески, Филип Кузмановски, Иван Џонов, Игор Ѓоргиев, Мартин Велковски, Томислав Јагуриновски, Мартин Серафимов, Давид Савревски

Крила: Ненад Костески, Никола Костески, Цветан Кузманоски, Петар Атанасијевиќ

Пивоти: Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Милан Лазаревски.

Scroll to Top