Top Sport

Сензационален трансфер на Арон Палмарсон

Легендата на Исланд Арон Палмарсон по завршувањето на сезоната ќе се врти во Исланд. 32. годишниот ракометар потпишал договор со Хафнарфјердур.

Палмарсон е играч на Олборг, има договор со данскиот клуб до 2024 година, меѓутоа спогодбено ја раскинал соработката. Средниот бек до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Олборг, а потоа ќе се врати дома.

Палмарсон во својата кариера ги бранеше боите на најголемите клубови во Европа. Играше за Кил, Веспрем и Барселона, а од минатата година е во данскиот Олборг. Со Кил има две титули во Лиги на шампионите.

Не се снајде во унгарски Веспрем, а не импресионираше ниту во Барселона. Тој требаше да биде столбот на новиот Олборг со Микаел Хансен и Никлас Ландин Јакобсен, но реши да се врати на Исланд.

Тој веќе е претставен како нов ракометар на Хафнарфјордур. Неговиот нов тим оваа сезона ќе се бори за титулата во првенството на Исланд.

Scroll to Top