Top Sport

Колку заработија светските шампиони во фудбал?

Аргентинците ја освоија светската титула во Катар и заработија 42 милиони долари. ФИФА ја награди Франција со 30 милиони долари, а Хрватска со 27 милиони долари.

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) обезбеди награден фонд од 440 милиони долари за Светското првенство во Катар, што е за 40 милиони долари повеќе од последното Светско првенство во Русија, додека наградниот фонд на Мундијалот во Бразил, во 2014 година, изнесуваше 358 милиони долари.

За споредба, Франција пред четири години заработи 38 милиони долари за шампионската титула, а Хрватска десет милиони помалку за сребрениот медал.

ФИФА на репрезентациите во Бразил им подели 358 милиони долари, при што светскиот првак Германија доби 35 милиони долари, Аргентина како финалист 25, додека Холандија за третото и Бразил за четвртото место добија 22 и 20 милиони долари.

Scroll to Top