Ракометната репрезентација на Шпанија вечерва во Загреб (18 часот) во првото полуфинале на Европското првенство ќе игра против Франција. Пред дуелот шпанскиот селектор Жорди Ривера направи измена на голманската позиција.
Првиот голман на „црвената фурија“ на ова ЕП, Гонзало Перез де Варгас ги повредил лигаментите на натпреварот против Германија, поради што селекторот на неговото место го повика голманот на Вардар, Арпад Штербик.
Штербик од вчера е во Загреб и одработил еден тренинг со репрезентацијата.
? @EHFEURO | Arpad Šterbik, viaja✈️ a Zagreb?? de urgencia para unirse a los #Hispanos?? de Jordi Ribera
? https://t.co/32S6xrOd4C pic.twitter.com/hfPb28CFWF— RFEBalonmano (@RFEBalonmano) January 25, 2018