Светските вицешампионки од 2014 година, Шпанија имаа одличен старт на ЕП во Франција, откако предводени од седумте гола на Нереа Пења стигнаа до убедлива 25:18 победа над Хрватска, за да се на првото место во групата заедно со Холанѓанките, кои претходно ја победија Унгарија.
Шпанките не покажаа милост против Хрватките, правејќи двоцифрена предност во првото полувреме (15:5) за да загубат дел од силата во второто полувреме во мечот во Монбелијар.
Во вториот попладневен меч, Романките издржаа за 31:28 победа над Чешка, откако на полувремето имаа дури 6 гола предност.
ГРУПА Ц
Шпанија – Хрватска 25:18 (15:5)
ГРУПА Д
Романија – Чешка Република 31:28 (17:11)