Top Sport

Штербик е најдобриот според „Хендбол планет“

Популарниот веб-сајт за ракометни вести, „Хендбол планет“ (handball-planet.com) го прогласи шпанскиот голман на Вардар, Арпад Штербик за најдобар ракометар во годината која истекува.

Фантастичниот голман на „црвено-црните“ добил најмногу гласови од 30-те члена на интернационалното жири составено од новинари и посетители на веб-сајтот. Со неговите фантастични одбрани, Штербик беше еден од лидерите на Вардар во минатата триумфална сезона, во која тие го направија најголемиот успех во клупскиот спорт во Македонија – ја освоила титулата од Лигата на шампионите во Келн.

Покрај ова, 38-годишниот ветеран, кој од следната сезона ќе настапува за Веспрем, има и одличен старт на новата сезона, помагајќи Вардар да е непоразен во сите натпреварувања оваа сезона.

Победници на наградата пред Штербик беа Микел Хансен (2016), Никола Карабатиќ (2014 и 2015), Домагој Дувњак (2013), Филип Јиха (2012) и Ласло Наѓ (2011).

Scroll to Top