Веспрем се врати на второто место во групата Б во Лигата на шампионите пред последното коло, откако дома со 24:23 го совлада Монпелје благодарение на фантастичниот Арпад Штербик на голот, додека Барселона го обезбеди првото место во групата А и директен пласман во четврт-финале со убедлив 37:25 триумф на гости кај Целје во Словенија.
Драган Гајиќ постигна седум гола за унгарскиот тим, додека по три имаа Вуко Борозан и Расмус Лауге Шмит во интересен удел во кој Веспрем не успеваше да се одвои и на крајот победи само со гол разлика. Иго Деска имаше шест гола за Монпелје.
Со победата, Веспрем има 18 поени и е на второто место во групата Б пред Кјелце со 16 и Монпелје со 15. Во последното коло, Веспрем гостува на Мотор, Кјелце го пречекува освојувачот на групата Кил, додека Монпелје гостува кај Вардар во Скопје.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ
Целје – Барселона 25:37 (14:19)
Веспрем – Монпелје 24:23 (16:14)
WATCH: Player of the match Arpad Sterbik was absolutely brilliant between the posts for @telekomveszprem tonight – here are some of his best saves!?#MOTW #veluxehfcl #ehfcl #VESMON pic.twitter.com/PY7hJXoio3
— EHF Champions League (@ehfcl) February 23, 2020