Голманската легенда Арпад Штербик размислува да објави крај на кариерата. Штербик во моментов е член на Веспрем.
Паузата во која ја предизвика коронавирусот предизвика хаос во секојдневниот живот. Во спортот тоа значи суспензија на натпреварите и тренирање во домашни услови.
Поради тоа голманот кој во 2017 година ја освои Лигата на шампионите со Вардар размислува да објави крај на кариерата.
„Ова тешко ми паѓа. Искрено, по оваа пауза, е ми биде тешко да се вратам на терените со моите 41 години. Поради тоа мислам дека натпреварот со Татбања беше последен во мојата кариера. Жал ми се Ф4 турнирот во Логата на шампините, сакав да освојам уште еден трофеј. Сега за мене тоа е невозможна мисија“, објави Штербик.