Шведските медиуми се „навртеа“ против сопствената ракометна репрезентација за бизарната одлук 300-те метри од својот хотел до салата во Гетеборг каде што играат на Мундијалот ги поминаа со автобус.
Тимот на Глен Солберг со надеж дека ќе ја освојат петтата светска титула, прва од 1999 година, се смести во хотелот „Опален“ во Гетеборг, на 300 метри од „Скандинавиумот“, каде што го одиграа мечот со Бразил, а ги очекуваат и дуелите со Кабо Верде и Уругвај.
„Тоа е поради телевизијата. Сакаат да имаат моменти во кои излегуваме од автобусот. Плус тоа ни дава момент да се фокусираме на важните работи“, вели норвешкиот тренер Солберг.
Џим Готфридсон се согласува.
„Немаме време за 55 селфија. Автограмите и фотографиите не се проблем по мечот, но пред него може само да се пречки“, вели Готфридсон.