Top Sport

Швеѓаните ги казнија сите грешки на Полјаците

Шведска стигна до доминантна 28:18 победа над Полска за да ги заддржи шансите за полуфинале на Европското првенство во Унгарија и Словачка и во исто време да ги остави Полјаците на последното место со нула поени.

По првичните 1:1, Швеѓаните имаа доминантно прво полувреме, кое го завршија со низа од 4:0 за огромни осум гола предност по 30 минути игра (14:6). Полјаците не успеаја да направат камбек ниту во второто полувреме, за Шведска рутински да стигне до голема победа.

Хампус Ване, Емил Мелегард и Фредерик Петерсон постигнаа по четири гола за Шведска, додека Аркадијуш Морито и Пжемислав Крајевски беа најефикасни за Полска со пет гола.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top