Top Sport

Швеѓаните продолжуваат да „газат“, падна и Исланд

Шведската ракометна репрезентација целосно ја искористи предноста на домашен терен за да стигне до 35:30 победа на Исланд и да ја продолжи победничката серија, откако веќе го има обезбедено пласманот во четврт-финалето. За Исланд, пак, останува надежта дека Португалија ќе потфрли и ќе им обезбеди место меѓу најдобрите осум, откако загубија од нив во првата фаза од шампионатот.

Швеѓаните подобро го почнаа мечот, но не успеаја да направат поголема разлика од 2 гола, пред Исланд во финишот на полувремето дури и да дојде до водство. Израмнетата игра продолжи и во второто полувреме, но во последните 15-тина минути, Швеѓаните, предводени од фантастичниот голман Андреас Паличка стигнаа до убедлива победа. Лукас Пелас ги предводеше „трите круни“ со осум гола, додека Екберг имаше пет, а кај Исланд, Елисон имаше осум постигнати гола.

И вториот домаќин, Полска, без шанси за четврт-финале, стигна до победа, декласирајќи ја Црна Гора со 27:20.

СП РАКОМЕТ 2023
ГРУПА 1
Словенија – Шпанија 26:31 (15:15)
Иран – Франција 29:41 (14:18)
Црна Гора – Полска 20:27 (8:11)
ГРУПА 2
Кабо Верде – Португалија 23:35 (12:14)
Бразил – Унгарија 25:28 (14:14)
Исланд – Шведска 30:35 (16:17)

Scroll to Top