Данскиот Скјерн се пласираше во четврт-финалето на ракометната Лига на шампиони, откако на „жешкото“ гостување во Унгарија успеа да загуби само со пет гола од Веспрем на нашиот репрезентативец, Дејан Манасков.
По домашниот сензационален триумф од 32:25, Скјерн го чекаше гостувањето во Унгарија, каде што успеа да загуби со 34:29 и да влезе меѓу најдобрите осум во Европа, во едно од најголемите изненадувања во историјата на ЛШ.
Веспрем имаше пет гола предност, но гостите постојано се враќаа во игра, и дури успеаја да имаат нерешен резултат 24:24. Унгарците се искачија на +4 (29:25), но до крајот на мечот не успеаја да стигнат до потребните седум разлика.
Егерт беше најефикасен за Скјерн со седум гола, додека кај Веспрем, Ненадиќ имаше девет, а Манасков додаде пет гола.
Keepers are key in crunch time! Tibor Ivanisevic pulls off some incredible saves that help @SkjernHaandbold keep @mkbveszpremkc from creating the required advantage in the #veluxehfcl #motw pic.twitter.com/FzStu9WrOi
— EHF Champions League (@ehfcl) March 31, 2018