Победата на Вардар над Мотор Запорожје 38:28, со која европскиот првак обезбеди пласман во осмина-финалето во Лигата на шампионите, не можеа да не ја забележат во ЕХФ. Двајца играчи на Вардар се најдоа во редовиот избор на најдобрите.
Комбинацијата помеѓу Сташ Скубе и Тимур Дибиров по која рускиот репрезентативец погоди е број 1 во изборот за најубав гол.
Од друга страна Скубе се најде во идеалниот тим на 12 коло.
Покрај Скубе во тимот на колото се и голманот Андреас Волф (Кјлеце), Уго Деска (Монпелје), Жоан Канелјас (Пик Сегед), Алекс Душебаев (Кјлеце0, Мариус Штајнхаузер (Фленсбург и, Хемрик Пекелр (Кил).