Репрезентациите на Словенија и Унгарија стигнаа до очекувани победи во своите први мечеви од Светското првенство во ракомет, додека најнеизвесно беше на необичната пресметка помеѓу Чиле и Иран, која азиската репрезентација ја доби со одличен пресврт.
Словенија, која се наоѓа во тешката група со Полска и Франција, со 33:19 ја декласираше репрезентацијата на Саудиска Арабија во очекуван триумф, а релативно лесна задача имаа и Унгарците, кои со 35:27 беа подобори од Јужна Кореја во првиот меч од групата Д, каде што се и Португалија и Исланд.
Кабо Верде (Зеленортски острови) стигнаа до 33:25 победа над Уругвај, додека Иран надополни четири гола разлика во последните три минути игра за 24:23 победа над Чиле.
ГРУПА А
Чиле – Иран 23:24 (11:13)
Шпанија – Црна Гора 20.30 ч.
ГРУПА Б
Саудиска Арабија – Словенија 19:33 (8:16)
ГРУПА Ц
Кабо Верде – Уругвај 33:25 (17:11)
Шведска – Бразил 20.30 ч.
ГРУПА Д
Унгарија – Јужна Кореја 35:27 (21:11)
Португалија – Исланд 20.30 ч.