Сопругата на хрватскиот голман Мирко Алиловиќ, Ива во интервју за магазинот „Стори“ вели дека би сакала нејзиниот сопруг да брани за репрезентацијата на Унгарија, наместо за родната Хрватска.
Семејството Алиловиќ подолго време живее во Унгарија, каде што Алиловиќ е прв голман на Пик Сегед.
„Девет години сме во Унгарија, нашите деца се родени тука и повеќе време поминуваат тука отколку во Хрватска, така што Унгарија е втор дома за нас. Животот, освен лекарите и фризерите, ни е во Унгарија. Мирко зборува добро унгарски, синовите исто така, само јас уште заостанувам. Унгарците не ценат повеќе од Хрватите, како во спортот, така и во другите работи. По седум освоени медали со репрезентацијата на Хрватска, доволно даде за државата. Секогаш бевме под негативен притисок на медиумите и тоа сега не ни е потребно“, вели Ива Алиловиќ.