Top Sport

Сосема очекувано: Металург против Вардар за Куп трофејот

Металург го елиминираше и вториот битолски клуб во полуфиналето на Купот на Македонија, откако со 28:21 го совлада Еурофарм Работник за да обезбеди дуел со вечниот ривал Вардар во „Младост“ во Битола.

Металург имаше водство од три до пет гола во текот на целиот натпревар, и иако Еурофарм Работник во неколку навради успеваше да дојде до неколку гола разлика, вклучувајќи -2 на полувремето (14:16), на крајот тимот од Автокоманда стигна до убедлива победа.

Финалето во Битола се игра утре во 16.30 часот.

Вардарци се поиграа со Пелистер за ново куп финале

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');