Top Sport

СП: Радичевиќ и Црногорките ги „суредија“ Данките

Црна Гора, предводена од ракометарката на Вардар, Јованка Радичевиќ успеа да стигне до голема победа од 31:24 над Данска во првото коло на Светското првенство во Германија.

Радичевиќ имаше 12 голови, додека Итана Грбиќ додаде шест за прва победа во групата Ц, во која Русија убедливо го победи Тунис, а Бразил и Јапонија ремизираа 28:28.

Словенките исто така стигнаа до важна победа, откако со 24:23 беа подобри од олимписките шампионки Франција, а актуелните шампионки Норвешка ја започнаа одбраната на круната со 30:22 победа над Унгарија.

Србија имаше полесен тренинг за 43:23 победа над Кина, додека Јужна Кореја го изненади вицешампионот Холандија со 24:22.

ГРУПА А

Романија – Парагвај 29:17 (16:7)

Франција  – Словенија 23:24 (10:13)

Шпанија – Ангола 28:24 (15:13)

ГРУПА Б

Чешка Република – Аргентина 28:22 (15:9)

Шведска – Полска 30:33 (15:17)

Норвешка – Унгарија 30:22 (21:11)

ГРУПА Ц

Русија – Тунис 36:16 (14:9)

Бразил – Јапонија 28:28 (12:15)

Данска – Црна Гора 24:31 (12:17)

ГРУПА Д

Србија – Кина 43:23 (21:11)

Холандија – Јужна Кореја 22:24 (11:14)

Scroll to Top