Верните навивачи повторно не го изневерија својот Вардар и во огромен број ги пречекаа своите херои на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје.Секако, прв на сцената се качи капитенот, играчот со број 5, иконата на вардаровите навивачи, Стојанче Стоилов, кој беше краток, но јасен.
„Добровечер, Скопје! Добровечер, Македонија! Ова вторпат скопски Вардар европски првак. Вака, овие овде што ги гледате позади мене. Овие се најголеми амбасадори на нашата држава. Голем дел од нив не се Македонци, ќе си отидат во нивните држави и ќе кажуваат беше еднаш еден Вардар во една Македонија. Верувајте, најубавиот дел од нивните кариери ќе биде Вардар. Да живее Вардар, да живее Македонија“, изјави Столе.
Фото: ЕХФ