Top Sport

Стоилов: Ова е ракомет, ништо не е невозможно

Вардар загуби убедливо од Веспрем на воведниот осминафинален натпревар од ракометната Лига на шампионите во Скопје и со сериозна негатива и речиси невозможна мисија ќе патува на реваншот со унгарскиот тим закажан по шест дена. Капитенот Столе Стоилов по вечерашниот пораз вели дека Веспрем го потврдил фаворитскиот статус.

„Победија тука, каде што за сите е тешко да победат. Се случува, игравме добро само на стартот. Потоа нивните голмани ни отежнуваа, бевме збунети во напад и ја загубивме самодовербата. Веспрем беше фаворит и си ја заврши својата задача, а ние не можевме да ги изненадиме. Можеби изгледа невозможно, ама сè може да се случи во Унгарија и се надевам ќе одиграме подобро“, рече Стоилов по натпреварот.

Возвратниот натпревар од првата рунда во нокаут-фазата во елитното натпреварување е закажан за 6. април.

Scroll to Top