Top Sport

„Талент во кој уживавме 25 години. Легендо, ќе ни недостигаш“

Кирил Лазаров, вчера, најпрвин со писмо до фановите, а потоа и на прес конференција во Нанат, го најави крајот на блескавата кариера.

Македонската и светска легенда, еден од најдобрите десни бекови во историјата на ракометот ќе се пензионира на 42-годишна возраст. Лазаров ќе остане во ракометот, тој е селектор на македонија, а не ја исклучи можноста во иднина да се посвети и на клупската работа.

„Најсилниот левучар во Лигата на Шампионите! Најдобриот стрелец во натпреварувањето, неверојатен талент во кој уживавме 25 години.

Големиот Кирил Лазаров се пензионира на 42-годишна возраст. Легендо, ќе ни недостигаш“, напишаа од ЕХФ на социјалните мрежи.

Scroll to Top