Top Sport

Талески е новото големо засилување за „новиот“ Вардар

Новиот прв човек на РК Вардар, Михајло Михајловски успеа да го убеди Филип Талески да стави потпис на едногодишен договор со актуелниот европски шампион, враќајќи се во Македонија по престојот во германската Бундеслига.

24-годишниот македонски репрезентативец Талески оваа сезона премина во Балинген од Рајн-Некар Левен во потрага по поголема минутажа, но по прекинот на шампионите поради корона вирусот се враќа во Скопје, овојпат во дресот на Вардар.

Засега, сигурно во новиот Вардар остануваат капитенот Стојанче Стоилов, Тимур Дибиров, Иван Чупиќ, Кристијан Дисингер и Глеб Калараш, а нови засилувања се Томислав Јагуриновски, Дмитри Санталов и Робин Кантегрел.

Scroll to Top