Ракометната репрезентација на Македонија убедливо го загуби (39:27) првиот натпревар на Светското првенство. Но, сепак, ривалот беше пресилен, Норвешка е еден од фаворитите за медали на овој Мундијал.
Филип Талески вели дека Македонија добро се носеше само во првата третина од дуелот.
„Во првиот дел бевме рамноправни некои дваесетина минути, а потоа во следните десет ни направија голема разлика. Во второто полувреме можеби беше и подобро, иако разликата веќе беше голема. Ова треба да ни биде школа, против Холандија не смееме да грешиме толку многу, ако сакаме добар резултат. Сепак, овој пораз нема да ја наруши нашата самодоверба“, изјави Филип Талески.