Top Sport

Танкоски: Мораме да ги сведеме грешките на минимум против Агуаш Санташ

Средниот бек на Еурофарм Пелистер, Марио Танкоски, вели дека неговиот тим ќе мора да ги сведе на минимум грешките во нападот доколку сака да се надева на поволен резултат на вечерашниот меч против Агуаш Санташ, португалскиот претставник во ЕХФ Европската лига.

„Агуаш Санташ игра типичен шпански ракомет. Агресивни се во одбраната, имаат брза транзиција, а ние ќе мораме да ги намалиме техничките грешки за да не дозволиме лесни голови на противникот. Ако успееме во тоа, мислам дека имаме реални шанси за триумф. Оваа победа ни е многу важна во остварување на целта, а тоа е пласман во нокаут фазата“, вели Танкоски.

Натпреварот меѓу Агуаш Санташ и Еурофарм Пелистер се игра вечерва со почеток од 20:45 часот.

Scroll to Top