Top Sport

Титула број 12 за загревање за Фајнал фор за РК Вардар (галерија)

РК Вардар со 38:25 го совлада Пролет за и официјално да ја обезбеди 12-тата титула на шампион на Македонија на едно коло до крајот на плеј-офот.

Ова е четврта титула во низа за „црвено-црните“, со што го израмнија рекордот од 2000 до 2004 година и покажаа дека се убедливо најдобриот македонски ракометен клуб на денешницата.

Мечот со Пролет беше последна контрола пред Купот на Македонија, кој старува во петок во Битола со меч против Пелистер. Оваа генерација на Вардар ја очекува уште еден голем тест, одбраната на титулата во Лигата на шампионите на Фајнал фор турнирот во Келн, каде што во полуфиналето се среќаваат со Монпелје.

Фото: РК Вардар

Scroll to Top