Top Sport

Титулата од ЛШ останува сон за ПСЖ по колапсот против Кил!

Сонот на Пари Сен-Жермен за прва титула од Лигата на шампионите ќе остане само сон барем уште една сезона, откако тимот на поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес доживеа „колапс“ на гостувањето кај Кил и загуби со 33:32.

Кил требаше да го запечати местото на Ф4 во Келн уште во првиот меч, кога ПСЖ спасуваше реми (30:30) во последните минути од мечот, но имаа одлично отварање на мечот, поведувајќи од првата минута, за да отидат на одмор со два гола предност (17:19), користејќи ја слабата форма на Никлас Ландин, кој имаше само една одбрана по 24 минути игра.

Меѓутоа, во второто полувреме, Кил направија камбек предводени од Домагој Дувњак и Магнус Ландин Јакобсен да стигнат до 26:23 водство. ПСЖ успеа да ја врати рамнотежата

Ландин Јакобсен заврши со 7 гола за бундеслигашот, по шест имаа Харалд Реинкинд  и Патрик Винцек, додека за ПСЖ, Недим Ремили имаше 8, а Камил Сипжак заврши со 7.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/4 ФИНАЛЕ

Кил – Пари Сен-Жермен 33:32 (17:19), прв меч 30:30

Барселона – Флензбург 27:24 (10:10), прв меч 29:33

Вчера играа:

Алборг – Веспрем 31:30 (20:21), прв меч 29:36

Кјелце – Монпелје 30:22 (15:8), прв меч 31:28

Scroll to Top