Top Sport

Тренерот Жељко Бабиќ го напушта Еурофарм Пелистер по завршувањето на сезоната

Тренерот на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, ќе ја напушти Битола по завршувањето на сезоната и ќе се врати во родната Хрватска каде ќе преземе женската екипа на ЖРК Подравка Вегета. Оваа разделба веројатно е и логична откако битолскиот ракометен суперлигаш не успеа во битката за титулата против Вардар.

Еурофарм Пелистер претстојниот викенд ќе се обиде да стигне до трифеј во Купот на Македонија, но примарната цел – освојување на титулата во првенството и настап во ракометната Лига на Шампиони, сепак, останаа само сон.

Покрај промената на тренерската позиција, во Еурофарм Пелистер сигурно ќе има значителни промени и во играчкиот кадар за следната сезона.

Scroll to Top