Top Sport

Унгарија „спаси“ реми против Египет, Штрлек и Хрватска како на тренинг со Бахреин

Унгарија и Египет одиграа драматично 30:30 реми во претпоследното коло во групата Б на Светското првенство во Германија и Данска, резултат кој Унгарците ги носи во наредната фаза, а во исто време им дава на Египќаните надеж дека тие ќе се третиот патник.

Во неверојатно израмнет меч, Египет во драматична завршница двапати беше предност од еден гол разлика, пред Унгарците да се вратат и со голот на Мате Лекаи во последните секунди да избегнат пораз, со кој ќе си ги загрозеа шансите за пласман, бидејќи во последното коло играат со фаворитот Шведска. Лекаи заедно со Рихард Бодо беа најефикасни со пет постигнати голови, додека за „фараоните“, Зеинелбаедин постигна седум гола.

Во нашата група Б пак, Хрватска без мака со 32:20 го „разби“ Бахреин за да обезбеди пресметка со Шпанија во последното коло за првото место и пренесување на поени во втората фаза. Селекцијата на Лино Червар и со пола сили беше доминантен против азискиот тим.

Човек на мечот беше Мануел Штрлек, откако постигна фантастични 11 голови, а по пет постигнаа Бичаниќ и Вида, додека кај Бахреин, Џалал беше најдобар стрелец со пет гола. Бахреин ќе брка „утешна“ победа против азискиот ривал Јапонија во последното коло.

Фото: ЕПА

СП ГЕРМАНИЈА/ДАНСКА, 5.КОЛО

ГРУПА Б

Јапонија – Исланд 21:25 (12:13)

Хрватска – Бахреин 32:20 (19:9)

МАКЕДОНИЈА – Шпанија 20.30 ч.

Табела: 1.Хрватска 8, 2.Шпанија 6, 3.Исланд 4, 4.Македонија 4, 5.Јапонија 0, 6.Бахреин 0

Последно коло (утре): Бахреин-Јапонија 15.30, Македонија-Исланд 18.00, Хрватска-Шпанија 20.30

ГРУПА Д

Ангола – Аргентина 26:33 (12:17)

Унгарија – Египет 30:30 (14:14)

Катар – Шведска 20.30 ч.

Табела: 1.Шведска 6, 2.Унгарија 6, 3.Аргентина 3, 4.Египет 3, 5.Катар 2, 6.Ангола 2

 

Scroll to Top