Top Sport

Урдангарин ќе оди во затвор, но Барса го задржува неговиот дрес

Шпанскиот врховен суд го осуди поранешниот ракометар Ињаки Урдангарин на 5 години и 10 месеци затвор за измама, но неговиот поранешен клуб Барселона нема да се откаже од зетот на кралот Фелипе Шести.

Огромниот дрес на Урдангарин се наоѓа пред „Палау Блауграна“ арената, и од клубот велат дека таму ќе остане поради неговите спортски успеси. Урдангарин играше за Барселона од 1986 до 2000 година, освојувајќи шест европски титули и 10 од националниот шампионат, а исто така освои две бронзи на Олимпијадата со шпанската репрезентација.

50-годишниот Урдангарин е сопруг на принцезата Кристина, која беше ослободена од кривичен прогон, откако стана прва членка на кралското семејство која била на суд. Поранешниот ракометар е осуден за водењето на „Ноос“ институтот за спорт од Мајорка за „перење“ на пари и префрлање на милиони на сопствена сметка.

Фото: ЕПА

Scroll to Top