Најдобриот македонски ракометар, Кире Лазаров се најде во најдобрата постава во првите две кола од квалификациите за Европското првенство 2020 година. Тоа е мала утеха за срамот што нашите ракометари ни го донесоа по поразот од аутсајдерот Грција, во Кожани, во неделата.
Лазаров е најдобриот десен бек, а најдобро десно крило според ЕХФ е ракометарот на Вардар, Даниил Шишкарев.
За голман на првите две кола е одбран Алфред Кинтана од Португалија, најдобро лево крило е Јакуб Хрстка од Чешка. Бомбардерот Микел Хансен од Данска е најдобар десен бек. За нај-среден бек е прогласен Енди Шмид од Швајцарија, а за нај-пивот е избран Унгарецот Бенџи Баниди.