Македонскиот ракометар Димитар Димитриоски и официјално е нов член на шпанскиот клуб Валјадолид. Тој потпиша договор и во претстојната сезона ќе настапува во шпанскиот шампионат.
Во Валјадолид тренер ќе му биде Давид Писонеро, кој го водеше македонскиот клуб Вардар, во периодот кога дел од него беше и Димитриоски.
Минатата сезона Димитриоски ја мина во Еурофарм Пелистер 2.