Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер со пораз од Војводина (29:24) го стартуваше натпреварувањето во СЕХА лигата. Битолскиот тим беше надигран во вториот дел, што го признава и тренерот Ларс Валтер.
„Агресивната 6-0 одбрана на Војводија ја „уби“ нашата флуидност. Од таа агресивност не можевме да напаѓаме како што планиравме. Не трчавме многу без топка и покажавме физичка инфериорност. Сепак, тоа е заслуга и на нашиот противник. Не работевме комплетно овој месец и ритамот ни е пореметен. Но, нема изговори, загубивме од подобар тим и треба само да работиме за да се подобриме“, изјави Ларс Валтер.
Ненад Костески седум гола и беше прв стрелец на тимот, но тоа не беше доволно за позитивен резултат во Нови Сад.
„Честитки за победата на Војводина, заслужија да се радуваат. Имавме многу технички грешки и промашени зицери и тоа на крај нè чинеше пораз. Победата на Војводина е заслужена, но ова е само почеток на лигата. Продолжуваме понатаму и се надевам дека ќе бидеме подобри“, изјави Костески.