Ракометарите на Вардар имаат убедлива предност 19:10, по првото полувреме, во дуелот со Кристијанштад , во второто коло во Лигата на шампионите.
Ракометарите на актуелниот македонски и регионален шампион од самиот почеток наметнаа силно темпо, Брозан во нападот постигна три гола, а Милосављев на голот забележа три одбрани и Вардар по шест минути имаше предност 6:0.
Тренерот на Кристијанштад, Ола Лингренд, побара минута одмор, но работите на теренот не се сменија. Вардар го ја зголеми предноста на 8:1, а потоа и 10:2 во 13.минута. Во 21.минута, црвено-црните имаа и двоцифрена предност 15:5.
Во последните осум минути, тренерот на Вардар, Гарсија Парнодо, го изротира составот. Тука играчите на Кристијанштад малку „дојдоа до здив“ и постигнаа три гола.
Вардар во првиот дел го предводат Чупиќ со шест гола и Милосављев со седум одбрани.