Вардар со огромни 31:23 (14:12) го победи Пик Сегед во првиот четврт-финален меч од Лигата на шампионите, збогувајќи се со преполната сала „Јане Сандански“ и со навивачите во меч кој означува крај на една блескава ера во историјата на „црвено-црниот“ тим.
Противникот беше на највисоко ниво, унгарскиот шампион со големи амбиции во Европа, и ќе остане да се види дали разликата од осум гола ќе биде доволна на гостувањето во Унгарија за трет пласман во низа на фајнал фор турнирот во Келн.
На прекрасна атмосфера, која сепак беше и помалку тажна, бидејќи се работи за последен меч на големиот европски Вардар по потврдата на Сергеј Самсоненко дека на крајот на сезоната се откажува од спонзорството, оставајќи го поранешниот европски шампион со неизвесна иднина. На играчите, очигледно не им беше сеедно и тие го дадоа својот максимум за клубот, секогаш добивајќи поддршка од навивачите.
Откако на стартот на првото полувреме се играше гол-за-гол, Вардар успеа да се одвои на три гола разлика, пред во второто полувреме пак Унгарците да дојдат до само гол разлика. Меѓутоа, во финишот на натпреварот, „машината“ на Парондо проработе, Милосављев на голот беше фантастичен и се направи предноста, а унгарскиот клуб повеќе од шест минути немаше постигнат гол.
Игор Карачиќ го круниса својот престој во Скопје со фантастични осум гола, а одличен беше и Даинис Криштопанс со седум гола. Сташ Скубе додаде шест, а Тимур Дибиров имаше четири. За Пик Сегед, Бенце Банхиди имаше пет гола.
Фото: РК Вардар